1. ОПШТО
Добредојдовте на сплетниот портал iOpstina.mk чиј уредник е претпријатието ГеоЛИНК д.о.о. Битола. На порталот, претпријатието и лица со овластувања објавуваат просторни информации од интерес за пошироката јавност. Ве молиме внимателно да го прочитате ова известување, бидејќи се однесува на секого што го посетува ова сплетно место. Со користењето на сплетните страници во овој портал, корисникот потврдува дека е запознаен со и дека ги прифаќа условите опишани подолу и со нив се согласува.
2. ТОЧНОСТ И АЖУРНОСТ НА ИНФОРМАЦИИТЕ
Претпријатието ГеоЛИНК д.о.о. не може да гарантира дека информациите на овие сплетни страници се секогаш точни и ажурни. Сета графика, атрибути, текст, слики и други содржини кои се прикажани на овие сплетни страници, се само информативни. Порталот содржи информации за авторот или изворот, датумот на настанување и датумот на објавување на содржините во системот на овој портал.
3. ПРИВАТНОСТ
На ова сплетно место се собираат контактни информации и некои лични податоци од оние посетители кои сакаат да дојдат до информациите објавени тука и заради тоа стапуваат во контакт. Личните податоци и контактните информации ГеоЛИНК д.о.о. не ги открива или посредува на трети лица и не ги користи за други цели, освен за информирање во врска со работењето на и новостите во порталот. За своите потреби, ГеоЛИНК д.о.о. води статистички евиденции на пристапот до и употребата на сплетните апликации.
4. ОДНЕСУВАЊЕ И ОБВРСКИ НА КОРИСНИЦИТЕ И ПОСЕТИТЕЛИТЕ
Корисниците на сплетниот портал може да бидат анонимни или идентификувани. Идентификуваните корисници ја преземаат одговорноста за сите активности кои ќе бидат извршени под нивната корисничка лозинка. Давањето на корисничкото име и лозинка на трети лица е забрането. Во случај на сомнеж за злоупотреба на лозинката или кршење на условите за користиње од страна на корисникот / посетителот, си го задржуваме правото да го блокираме пристапот. Не е дозволено собирање на содржините од овие сплетни страници во било каква јавна база на податоци или во било каква форма објавување на други места.
5. АВТОРСКИ ПРАВА
Содржината и структурата на сплетните страници се заштитени со авторски права. Заштитата на авторските права особено се однесува на секакво репродуцирање, складирање и пренос на податоци или изворниот код на други медиуми.
6. ОГРАНИЧУВАЊЕ НА ОДГОВОРНОСТА
Кога одговорноста за штета според законот не може да се ограничи или исклучи, ГеоЛИНК д.о.о. не одговара за било какви директни, индиректни, случајни или посебни штети, кои би произлегле поради било која причина од употребата на ова сплетно место.